Во Велес митинг на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

Гарантирам 0 проценти невработеност кај младите велешани, најмалку една странска инвестиција во градот, но и нови инфараструктурни и сообраќајни решенија, град без отпад, со поставување пластикомати, рече вечерва пред велашни кандидатот за граодначалник на Велес од СДСМ Ненад Коциќ.

Тој најави враќање на фестивалот на велешката пита пастрмајлија и поддршка на навивачката група Гемиџии.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека Македонија во една рака има успешен попис, а во друга членство во НАТО и нагласи дека државата е на вистински пат, од кој нема враќање. Тој најави дека во моментов се разговара со, како што рече, 30 џиновски странски компании, да инвестираат во земјава. Ги повика велешани да му го дадат гласот на лекарот Ненад Коциќ, кој бил докажан борец и за здравјето на граѓаните, но и за екологијата.

На промоцијата во Велес, беше претставена и листата за челнови на Советот на општината, предводена од Марјанчо Николов.