Во Турција и Сирија, според новиот биланс, во земјотресот загинале 4.890 лица

Илјадници унипштени домови, згради, болници и автопати, цели населби срамнети со земја е она што остана по најсилниот земјотрес во Турција во последните неколку децении.

Спасувачките екипи во потрага по преживеани a од остатоцците од зградите во Газиантеп, се слушаат молби и очајни повици за помош. Загубите се огромни, а црниот биланс би можел да биде неколкупати поголем од првините прогнози.

„Ги слушаме како бараат помош но не можеме ништо да направиме. Никој не доаѓа да ни помогне. “

„Слушнавме гласови. Нашите деца се под урнатините. Никој нема да ни помогне, ја нема ниту војската ниту спасувачките екипи. “

Состојбата не е ништо подобра ниту во Сирија. Алепо, градот разурнат од долгогодишната граѓанска војна, меѓу најтешко погодените. Стотици згради се оштетени или уништени а под урнатините заробени се илјаадници луѓе.

Од час во час расте бројот на починати а преполни се и болниците во северна Сирија. Дополнителен проблем е поделеноста на земјата. Владината помош не стигнува на северот а територијата која е под контрола на бунтовниците, не може сама да се справи со ситуацијата.

„Цивилните згради се речлиси целосно уништени во земјотресот а оние кои не се, едвај стојат. Ситуацијата е катастрофална. Струја воопшто нема, сите се на улица а температурите надвор се под нула степени. “

„Болниците се преполни. Постојано доаѓаат нови повредени. Ситуацијата е лоша, многумина се уште се под урнатините..ПОтребна ни е помош веднаш.“ - изјави д-р Маџди Ибрахим- хирург.

Тлото под Турција и Сирија не престанува да се тресе. 500 земјотреси од кој дури 31 со јачина над пет степени според Рихтеровата скала региастрирани во изминатѕиве 24 часа. Сеизмолог од Универзитетот во Турција, успеал да го снимил звукот на земјотресот што го погоди регионот.

 

Светот се мобилизира за да им помогне на настраданите. Аеродромот во Истанбул преполн со волонтери и членови на спасувачки тимови подготвени да се приклучат во потрагата по преживеани но и да се помогне на повредените чиј број веќе надмина 20 илјади. Земјотресот, чиј центар беше во југоисточната турција, го почиствуваа и жителите на Дамаск, Бејрут и Каиро.