Во Турција ден на жалост по катастрофалниот пожар во хотел

Ден на жалост во туирција по страшниот пожар во хотел во ски центар на северот на земјата...деветмина се веќе уапсени во рамки на истрагата а се уште се утврдуваат причините за пожарот кој за само неколку часа го проголтал 12-катниот хотел ... По речиси 10 часа, противпожарните екипи уапеаа да го изгаснат пожарот...Во меѓувреме бројот на загинати се искачи на 76 лица, а педесетина, од кои дел со тешки повреди, се примени во болница...

Аталкан Јелкован: 

„Се почуствува мирис на запалено и за релативно брзо време излеговме од хотелот. Алармот за евакуација се уште се немаше вклучено. Мислам дека два ката од хотелот веќе гореа.  “

Омар Сакра:

„Во паника, луѓето почнаа да скокаат од прозорците. Не можевме ништо да направиме. “

Пожарот избувна вчера рано наутро во ски-центарот Карталкаја, речиси 300 километри источно од Истанбул... На местото на несреќата пристигнале служби за итни случаи од соседните градови, вклучително и пожарникари, тимови за одговор при катастрофи и медицински екипи...Успешно евакуирани биле околу 230 лица...Во несреќата, нема загинати или повредени македонски државјани, потврдија од МНР...

Али Јерликаја - министер за внатрешни работи на Турција:

„Министерството за внатрешни работи назначи двајца главни инспектори да го испитаат пожарот, додека Министерството за правда го назначи главниот обвинител во Болу и пет обвинители да работат на лице место со експерти. “

Карталкаја, во провинцијата Бол, е една од најважните зимски туристички дестинации во Турција и привлекува илјадници посетители за време на скијачката сезона...