Во тетовско Синичане денеска мирно - на терен и мештаните и полицијата
Веќе втор ден тензизична и напната е состојбата меѓу мештаните на Урвичм и Синичане, бидејки група граѓани од двете села се обидуваат да дојдат до местото каде се предвидува градба на водоснабдителен систем, но полициски специјалци ги спречува да се најдат и да превенираат конфликт.
Мештаните на Урвич бараат заштита од државните институции за нивната безбедност како и да остане изворот Буновец за водоснабдување на нивното село, наместо намерата на општина Боговиње да го искористи за потребите на Синичане. Групата од Синичане и Боговиње ја предводи и градоначалникот Албон Џемаили.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, денес истакна дека полицијата е таму поради оперативни сознанија и со намера да не дозволи нарушување на јавниот ред и мир.
Во целата ситуација реагираше и Алијанса на Албанците, односно, лидерот Зијадин Села порача дека полицијата која е присутна на терен ја праќа ДУИ преку сегашниот министер во мвр Нухиу. Села обвинува за бизнис интереси со хидроцентрали
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот. По приемот и анализата на добиената информација, Јавниот обвинител ќе донесе соодветна одлука.
„По извршениот увид, Вишото јавно обвинителство Гостивар треба веднаш да достави информација за кое кривично дело и спрема кои сторители во конкретниот случај се води предистражна или истражна постапка, врз основа на кои основи на сомневање е поведена постапката и какви сознанија и докази му се презентирани на јавниот обвинител за отворање на предметот, како е доделен предметот во работа на обвинителот, кога и какви дејствија тој презел и какви наредби издал. Вишите јавни обвинители треба да проверат и дали, согласно законот и согласно Задолжителното упатство, за конкретните дејствија требало увид на лице место и особено дали е изготвен записник за увид, дали обвинителот го презел раководењето со постапката согласно член 41 од Законот за кривична постапка и дали за тоа ја известил полицијата, дали некои од дејствијата се преземени спротивно на функцијата јавен обвинител, како и други релевантни околности во конкретниот настан.“
Жителите на Синичане заедно со градоначалникот ноќта ја поминале кај месноста Буновец.