Во Tетово – осум решенија за домашно лекување и 54 решенија за изолација
Foto

Во Tетово – осум решенија за домашно лекување и 54 решенија за изолација

После Дебар и Куманово кои го поминаа најлошото, а после Скопје како најголем град и центар на Македонија, Тетово е новото жариште на коронавирусот.

Последните податоци говорат дека од 76 новозаболени во последните 24 часа 14 се од Тетово. Дополнителна загриженост предизвика информацијата што денеска ја објави директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова Бухова која кажа дека во Тетово има нов кластер граѓани заразени со коронависрусот во неколку фирми низ градот.

Иако во градот под Шара се' изгледа нормално а тетовци полека се привикнуваат на новата нормалност сепак, по денешните бројки никој не е рамнодушен. Неизвесноста што ќе се случува со заразата, колку ќе трае и дали ќе однесе нови жртви виси во воздухот низ Тетово.

Не им е лесно ниту на здравствените работници. Од планираните 150 тестирања на повеќемина вработени во одредени фирми, не се завршени ниту половината. До сега се тестирани 70 од нив.

Во меѓувреме општинскиот кризен штаб денеска побара отворање на јавниот превоз во тетовскиот регион. Сепак, вели координаторот на општинските кризни штабови, вицепремиерот Бујар Османи тоа ќе зависи од проценката на Комисијата за заразни болести.

0 Коментари

Остави коментари