Во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер на Песна на Евровизија
Foto

Во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер на Песна на Евровизија

Во Тел Авив, Израел се одржа првата полуфинална вечер на Евросонг, на кој настапија изведувачи од 17 земји. Прва настапи претставничката на Кипар Тамта со песната „Replay“. Различни беа и музичките разгледници во кои изведувачите претходно ги претставуваа убавините на своите земји, а од годинава во нив пееја и играа. Првата вечер традиционално ја отвори ланската победничка на Евросонг, Нета Барзилиа.

На Евросонг учествуваат 41 земја, а шест имаат директен пласман во финалето. Останатите 35 се поделени во две полуфинални вечери. Во секоја полуфинална вечер по 10 земји одат во саботното финале.

Нашата земја ќе настапи во втората полуфинална вечер која ќе се оддржи во четврток, а ќе ја претставува Тамара со песната „Горда“. Годинава за првпат настапуваме со новото име Северна Македонија. Финалисти за саботното финале се: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

0 Коментари

Остави коментари