Во светот досега над 130 милиони потврдени случаи на Ковид 19
Foto

Во светот досега над 130 милиони потврдени случаи на Ковид 19

Во изминатиот ден, во светот беа регистрирани повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирусот, а вкупниот број на такви случаи надмина 131,434 милиони, објави Светската здравствена организација.

Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус е зголемен за над 510.360 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 131,920,434.

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 10.173 – вкупно досега 2.842.135.

Во Северна и Јужна Америка се повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи на Ковид-19 (177.098 случаи). Следат Европа (169.858 случаи) и Југоисточна Азија (103.810).

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894) и Велика Британија (4.357.095), Италија (3.650.247), Турција (3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).

0 Коментари

Остави коментари