Во судот каде работел курирот под лупа е и работата на неколку судии
Foto

Во судот каде работел курирот под лупа е и работата на неколку судии

Дали само кај судскиот доставувач се најдени илјадници предмети во фиока? Доброупатени извори на ТВ24 велат дека и судии од истиот суд од внатрешноста се под лупа за можно заташкување. Нивната работа ја анализира Судскиот совет, а информациите треба да ги провери и Обвинителството и да се утврди дали има докази за кривична одговорност. 

Веста дека кај починат курир на работа се најдени 1.500 платни налози кои требало да ги разнесе ја објави обвинителката Вилма Русковска во емисијата „Стадион“ утрово.

Министерот за правда за овој случај порачува дека курирот не може да е сам во оваа игра и низ овој пример посочува за реформи во судството. 

Првиот човек на Судски совет, Киро Здравев не открива детали за овој случај и се повикува на рана фаза од постапката која се води кај нив. Во последните две години разрешени се осуммина судии, а се водела постапка за 83-ца. По новата методологија за нестручно работење е разрешена судијката Весна Кичеец од Охрид.

0 Коментари

Остави коментари