Во судењето за „Титаник” сведочеа новинари од затворената А1 телевизија
Foto

Во судењето за „Титаник” сведочеа новинари од затворената А1 телевизија

Истражуваа и ја открија аферата „Списоци“, а 10 години потоа сведочеа и во судница. Новинарите од некогашнота А1 пред судиите раскажаа како тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ бара од граѓани да врбуваат гласачи за парламентарните избори во 2011-та година.

Ова го констатирале претставувајќи се како вработени од Центарот за комуникации на партијата,а разговорите ги снимија и објавија во рамки на истражувачката сторија. Одбраната со прашања проба да наметне теза дали граѓани ветувале десетици гласови за да добијат услуга, но новинарката Сашка Цветковска одговори „тоа беа уцени, граѓаните беа жртви бидејќи беа уценувани со гласови.

Цветковска се наврати на приказната за маж и жена кои морале да обезбедат гласови за да добијат шанса за Ин витро оплодување.Ова им го ветувал и барал тогашниот раководител на Фондот за здравство во Велес.

Одбраната се интересираше кога новинарите ги добиле списоците со податоци, колку време пред изборите ја подготвувале сторијата. Поранешната министерка Гордана Јанкулоска се обиде да ја префрли вината на пониските ешалони, прашувајќи дали некој споменувал и посочувал дека насоките се давани од конкретни функционери или министри кои се сега обвинети во случајот „Титаник“. Како министерка Јанкуловска обвинуваше дека оваа афера е „измислица и масло на СДСМ“ и дека никој не пријавил во полиција притисоци.

Сведочеше и тогашниот главен уредник на А1, Младен Чадиковски. Случајот „Титаник“ произлезе од поранешнотот СЈО како еден од најголемите предмети поврзан со изборни малверзации.

Прв обвинет е азилантот Никола Груевски, на обвинителна клупа се дваесетмина меѓу кои Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришковска, Едмонд Темелко. Процесот почна уште во 2018-та година, додека Груевски беше во македонија и доаѓаше на рочиштата. Процесот оди бавно, бележани се бројни одложувања, беа изведени над 5000 докази, сослушани стотина сведоци на обвинителството.

0 Коментари

Остави коментари