Во струмичко се вакцинирани повеќе отколку објавените податоци, велат од ЈЗУ здравствен дом Струмица

Статистичките податоци кои ги објавија надлежните за опфатот на вакцинирани лица во Струмица и регионот не се реални.

Вака одговорија Здравствениот дом  откако Инситутот за јавно здравје објави дека заклучно со 26 септември во Струмица се вкацинирани 34,8 одсто од населението над 18 годишна возраст.

Директорката на здравственито дом Љубица Митева вели  дека голем број на струмичани пред да се отвори пунктот во Струмица се вакцинирале во Скопје, Штип и Кавадарци но и во соседна Србија и Бугарија. 

Во Струмица и регионот според последните статистички податоци на Институтот за јавно здравје заклучно со 26 септември вакциниранисе 26 406 граѓани со прва и 23 607 со втора доза. Пунктот кој што работеше неполни 5 месеци во спротската сала при ООУ „Никола Вапцаров“ од понеленик нема да функционира.

Во струмичко заврши и тернеската вакцинација. Беа опфатени вкупно 58 села при што беа аплицирани 7 430 дози од вакцините на Синовак.