Во Струмица расте бројот на жртвите на семејно насилство

Околу 200 жени од Струмичко од почетокот годинава досега пријавиле елементи на семејно насилство до надлежните институции, а околу 70-тина од нив побарале стручна помош и сместени во шелтер центарот во Струмица.

Вака информираат од Здружението „Скај плус“ кој го водат центарот во Струмица во кој до октомври на одреден временски период згрижиле 20-тина жени со деца кои биле малтретирани и тепани. Тие ја отпочнаа акцијата 16 дена активизам против семејно и родово базирано насилство.

„Скај плус“ и општина Струмица поставија портокалова панделкна на споменикот „Жена под маска“ и апелирааа жртвите да ги симнат маските и да проговорат за насилството што го трпат. Од општината најавија дека како локална самопурава ќе остане да го помага шелтер центарот.

Шелтер центарот во Струмица е единствен во Југоиточниот регион воден од граѓанско здружение кои во наредните денови ќе реализираат повеќе активности за да се подигне свеста за семејното и родово базирано насилство.