Во Струмица почнуваат карневалските празнувања
Foto

Во Струмица почнуваат карневалските празнувања

Годинашното триесетто јубилејно издание на Струмичкиот карневал во организирана форма почнува вечер со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите. Во наредните осум денови, колку што траат карневалските празнувања, карневалистите симболично ќе управуваат со градот.

Веднаш потоа ќе се одржи свечена седница на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал по што ќе биде презентирана монографијата по повод јубилејот 30 години од организираното постоење на еден од најпознатите карневали во Европа.

На повеќе поединци и организации ќе им бидат доделени признанија, а првиот крневалски ден завршува со отворање на ретроспективна изложба „Струмички карневал-30 години ѕвезда под небото“.

Главниот настан на Струмичкиот карневал е Интернационалната карневалска вечер која ќе се одржи в сабота. На неа ќе бидат презентирани вкупно 46 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници.

0 Коментари

Остави коментари