Во Струмица почна фестивалот посветен на актерите - за наградата „Ристо Шишков“
Foto

Во Струмица почна фестивалот посветен на актерите - за наградата „Ристо Шишков“

Само актерот може да ни ја плесне вистината во лице бидејки тие како театарски луѓе ја осознаваат пред нас, ја претвораат во игра на која се восхитуваме и на сопствената мизерност, нечовечност, малодушност. 

Со овие зборови младата пеотеса Мицева го најави фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на кој ќе се величи актерот и актерската игра, а почна синоќа во Струмица.

40 актери од земјава, Хрватска и Бугарија конкурираат за наградата за најдобро актерско остварување. Ланскито лауреат  Благоја Чоревски им упати порака на своите колеги  дека наградата „Ристо Шишков“ е посебна. 

Фестивалот на кој ќе се додели награда за најдобро актерско остварување годинава ќе трае до 12 септември и Струмица ќе биде во знакот на бардот на македонското глумиште.

ФКТ „Ристо Шишков“ е дел и од мрежата на театарски фестивали во Југоисточна Европа „НЕТА“ која ќе додели исто така награди за најуспешните.

0 Коментари

Остави коментари