Во Струга водата за пиење е заматена, се препорачува да не се користи

Дождот ги отвори старите проблеми во Струга. По обилните врнежи вчера водата од градскиот водовод повторно е заматена и не треба да се користи, информираат  од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – Струга.Од претпријатието посочуваат дека работат на санирање на проблемот но бараат од  сите корисници  да не ја користат водата се додека не ги известат за спротивното.

За екологистите недозволиво е при секој дожд граѓаните да немаат квалитетна вода за пиење.освен репарација на пумпната станица велат итно е потребна  и нова водоводна мрежа.И тоа час поскоро.

Од МЈП Проаква дополнуваат дека имале средби  и со претставници на Хидроцентралите, кои се заложиле дека проблемот трајно ќе биде решен до крајот на годината и нема да се повторува по секои пообилни врнежи.