Во Струга највисока смртност од ковид-19
Од почетокот на пандемијата и сега Струга е на врвот на општини со најголема смртност кај заболените од ковид 19, а Охрид се наоѓа на шестата позиција.
Ова го покажуваат и најновите анализи за ковид 19 морталитет на 100.000 жители.Директорите на Охридската болница и на Центарот за јавно здравје велат за добивање на точната причина за ваквиот црн биланс потребни се и детални испитувања но високот степен на смртност досега е поради тоа што 90 % од хоспитализираните пациенти имаат претходни хронични заболувања или се на постара возраст.
Во моментот во охридската болница смесени се 111 пациенти од кои околу 40 се на кислородна поддршка.Бројките на заболени и понатаму се доста високи, дневно се вршат преку 80 тестирања, исто толку пациенти со упат доаѓаат на инфективното одделение, а кај хоспитализираните се трошат и преку 40 боци на кислород на дневно ниво.
Во меѓувреме сеуште актуелно во градот е и објавувањето на списоци со заболени од ковид што дополнително ги вознемирува граѓаните на Охрид. Овој случај стигна и до ОЈО кое истражува кој ги пушта во јавност ваквите списоци.