Во среда седница на Економско социјалниот совет - дали синдикатите и владата ќе најдат „заеднички јазик“?
Каде и како се изгуби социјалниот дијалог помеѓу власта и работникот? Од ССМ велат дека одговорот е во Влада бидејќи во нивната битка за да си обезбедат синдикат кој ќе повторува дека толку се можностите согласно законот исчезна и дијалогот, а работникот живее се потешко, бидејќи немаат покачување на плата од 79 проценти како функционерите.
Во среда во 12 часот, на иста маса седнуваат ССМ, КСС, работодавачите и власта во рамки на ЕСС.
Според најавите, клучна тема која ќе заземе доминантност се владините кошнички што според ССМ е ирелевантно бидејќи клучна тема треба да биде повисоки плати за работникот за достоинствен живот.
Премиерот Мицкоски веќе еден месец повторува дека наскоро ќе има мерки. За разлика од него министерот Дурмиши претходната недела кажа дека нема мерки на што Мицкоски денеска рече дека министерот бил погрешно разбран.Премиерот појасни дека мерки во моментот нема бидејќи трае анализата.
Од Министерство за економија и труд велат дека на Економско-социјалниот совет покрај потврдување на репрезентативноста на синдикатите, планот е да се разгледува и листата на просечни потрошувачки навики за четиричлено семејство (позната како потрошувачка кошничка) и заеднички и транспарентно да се донест одлуки кои ќе бидат на страната на граѓаните.
Сојузот на синдикати на Македонија, посочувајќи дека вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година достигнала 65.328 денари. Бараат итно зголемување на минималната плата, како и усогласување на останатите плати со реалните трошоци за живот.

