Во Србија се преврте македонски автобус полн со патници
Foto

Во Србија се преврте македонски автобус полн со патници

Македонски автобус се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце. Крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е укажување на помош на повредените. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

„После пријавата за сообраќајна несреќа, односно информацијата дека се превртел автобус на патот Блаце – Бељолин, екипита на првата помош на здравствениот дом Блаце веднаш заминаа на местото на несреќата и донесоа 18 повредени патника. Сите беа згрижени во здравствениот дом Блаце. Тројца се најверојатно со тешки повреди кои не се опасни по живот, а 15 патници најверојатно се со полесни повреди. Сите се испратени во општата болница во Прокупље на понатамошно лекување.“ - изјави за тв 24 во телефонски разговор д-р Радолуб Дуниќ – директор на здравствен дом Блаце.

0 Коментари

Остави коментари