Во Србија почна втората фаза од белиот штрајк на просветните работници - „Петка за сите“

Со оглед на тоа што Владата на Србија и Парламентот не ги исполнија барањата на белиот штрајк до 13 октомври, членовите на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) денеска ја започнуваат втората фаза  -  пишување оценка „одличен 5“ за секој ученик, соопшти синдикатот, јавија беглрадските медиуми.

Таа петка, доколку барањата на белиот штрајк не се усвојат и до крајот на полугодието, ќе биде основа за заклучување на оценките „одличен 5“, без разлика на сите други оценки што ќе бидат дадени според објективни критериуми, во вообичаени начини, се наведува во соопштението.

Барањата на белиот штрајк се да се подобри безбедноста во училиштата преку соодветни измени на законот и придружните прописи преку гарантирање на наставниците поефикасна правна заштита од напади, овозможувајќи им веднаш да ги суспендираат учениците кои несоодветно се однесуваат на наставата како и укинување на анонимните пријави до просветната инспекција.

„За усвојување на тие барања потребна е само политичка волја на Министерството за образование, Владата и Народното собрание. Донесувањето и спроведувањето на изменетите прописи не би ја чинело државата ниту еден динар“, посочуваат од синдикатот.

Пожелните оценки, додаваат, не се причина, но тие се најчеста причина за напади врз наставниците.