Во Србија денеска почнува масовната имунизација, набавени 1.054.950 вакцини, платени над 6 милиони дози
Foto

Во Србија денеска почнува масовната имунизација, набавени 1.054.950 вакцини, платени над 6 милиони дози

На седница на Оперативниот тим на државниот врв на Србија, директно пренесуван преку медиумите, преседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го најавија и објаснија почнувањето на масовната имунизација во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Александар Вучиќ, кажа дека во Србија денес или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“ и дека се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека. Тој додаде дека оваа недела ќе пристигаат и 200.000 вакцини од првата и 50.000 од втората доза на руската вакцина Спутник V и дека денес ќе почне и масовната вакцинација со кинеската вакцина Синофарм.

-Вакцинацијата е од големо значење за Србија, без вакцинација никогаш нема да ја победиме короната, не само во здравствена туку и во економска смисла, ќе дојдеме до работ на бездната, кажа Вучиќ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија досега набавила 1.054.950 вакцини и дека има потпишано договор и платила за повеќе од 6 милиони дози.

0 Коментари

Остави коментари