Во Србија 345 новозаразени, во Хрватска рекордни 140
Foto

Во Србија 345 новозаразени, во Хрватска рекордни 140

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 345 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 7.032 примероци.

Во истиот период починале 12 лица. Процентот на смртност е 2,11 отсто.

На респиратор се 130 пациенти, а вкупниот број на активни случаи изнесува 3.911, објавено е на веб-страницата на српското Министерство за здравство.

Со 140 новозаразени лица, Хрватска во последните 24 часа постави нов рекорд за едно деноноќие, а починало едно лице.

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во земјата има 1.088 активни случаи, од кои 124 пациенти се во болница, а тројца се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 оздравеле.

0 Коментари

Остави коментари