Во Софија средба Сиљановска-Давкова со Јотова
Во Софија средба на македонската и бугарската претседателка...Ќе донесе ли последниот состанок поместување на позициите на двете држави...Македонската претседателка останува на ставот дека процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.. Сепак, не добила таков впечаток по средбата со бугарската претседалка
Гордана Сиљановсака Давкова: „Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. Да, еве јас за почеток за да има дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот за да останам на монолог, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија “
И Бугарската претседателка Илијана Јотова е на став дека сите држави од Балканот треба да се приклучат на ЕУ...Но Јотова, која имаше средба со претставници на Албанија и Романија, сепак предупреди дека мора да се исполнат сите критериуми кои се неопходни за влез во унијата...
Илијана Јотова – претседателка на Бугарија: „Ставот на Бугарија отсекогаш бил дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од европското семејство, но со исполнети критериуми, постигнати резултати, одговорност и почитување на вредностите на ЕУ, од кои основна е заштитата на човековите права. Европската Унија не е само заеднички пазар, туку и заеднички вредности. “
Во Бугарија е и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски кој учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи...Смета дека земјава е заложник поради погрешни политики од кои сите губат...На Бугарските претставници им порача дека најлесниот начин да се оди напред и да се решат билатералните прашања е Софија да дозволи започнување на преговорите.
Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи: „Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат..И тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите европски колеги во Бугарија. Никој нема интерес од она што се случува во моментов. Губат двете држави економски. Губат двете држави политички, губат и граѓаните, народите на двете држави. “
Процесот за соработка на Југоисточна Европа е најстара и најзначајна политичка иницијатива и највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа.
Во рамките на состанокот беше усвоена заедничка декларација со која се реафирмираа поддршката за европската интеграција на регионот, добрососедските односи и заедничките напори за градење поотпорен, поконкурентен и поодржлив регион.

