Во Собранието продолжува расправата за законите за коридорите
Во полупразна сала, власта и опозицијата и на вториот и последен ден од дебатата за измените на Законот за работни односи со меѓусебни обвинувања за тоа кој правел криминал во Македонија. Опозицијата го спори означувањето на предложените законски измени со европско знаменце и го бара на увид договорот со „Бехтел и Енка“, кој според нив, остава простор за сомнежи за корупција.
За употребата на европското знаменце на законски измени кои не се усогласуваат со европското законодавство, опозицијата преку писмо ја алармираше ЕУ, но и евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир. Гир пак, со денови пред медиумите ја прекорува власта, дека е пропиашно како се користи европското знаменце и дека тоа не треба да биде случај со петте законски измени кои произлегуваат од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д.
Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мандиќ во синоќешната Анализа на ТВ24, одлуката петте законски измени да влезат во собраниска процедура по итна постапка и со европско знаменце ја правдаше со тоа дека овие автопати биле европски, но и дека имало блокада од опозицијата, па морале да се одлучат на таков чекор.
По Законот за работни односи, на Комисијата за европски прашања ќе ги разгледуваат и законските измени во Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за експропријација и Законот за номинирање на стратешки партнер за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.