Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита, и двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се неколку точки - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, сите во прво читање.