Во Скопје заседава заедничка историска комисија меѓу Бугарија и Македонија

Без изјави за медиумите и денеска историчарите од мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања влегоа во зградата на МНР, каде треба да продолжат разговорите за старите теми и Гоце Делчев, кој изминатите месеци беше камен на сопнувања меѓу двата тима. 

На вчерашната средба, на македонскиот тим му се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата. 

Оваа двовневна посета на бугарските историчари во земјава всушност е прва средба на мешовитиот тим историчари по потпишувањето на Протоколот со Бугарија за спроведување на досговорот за добрососедство. Пред еден месец пак, Историската комисија ги објави и препораките усогласени уште во 2019 година за заедничко чествување на пет историски личности - браќата Кирил и Методиј, Климент и Наум и Цар Самоил.

Обајвени беа и препораки за учебниците по историја за 5ти клас во Бугарија и за 6 то одделение во Макеоднија. Јавноста тогаш реагираше дека истите се пораз за Македонија, а тимот на Драги Ѓоргиев се бранеше дека не се врши бугаризација.