Во Скопје светна новогодишната елка
Foto

Во Скопје светна новогодишната елка

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот Македонија во Скопје светна вечерва а со работа почна и новогодишниот базар „Внтерленд 2020“.

ВО Скопје завладеа празничната атмосфера карактеристична за новогодишните и божикните празници. Почнува празнувањето во пресрет на Новата година. Граѓаните ќе ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во разновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките е сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без оглед на возраста. На овој простор има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма, што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, што ќе почнува точно напладне.

0 Коментари

Остави коментари