Во Скопје казнети 153 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, четири за минување на затворен сигнал - црвено светло..

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.