Во Скопје 229 казнети за сообраќајни прекршоци, 75 не давале предност на пешаци
На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски сообраќајни контроли изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои 75 за недавање првенство на минување на пешаци, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Од МВР информираа дека се изречени и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

