Во Скопје 173 сообраќајни прекршоци, 48 за брзо возење
Foto

Во Скопје 173 сообраќајни прекршоци, 48 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР денеска соопштија дека се изречени 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, пет прекршоци се што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

0 Коментари

Остави коментари