Во Шведска средба Муцунски - Чамова
Прва билатерална средба на шефот на македонската дипломатија со својата бугарска колешка. На маргините на состанокот на НАТО во Шведска, македонскиот министер Тимчо Муцунски ќе се сретне со првиот човек на бугарското МНР, Весислава Петрова Чамова.
Двајцата се дел од самитот на министри за надворешни работи на земји членки на НАТО..Покрај глобалните предизвици кои се исправени пред алијансата, една од темите на самитот ќе биде и Западниот Балкан.
Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија
„Ќе инсистирам да разговараме и за западниот балкан , област во европа каде што постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори.“
За Муцунски и Петрова, ова ќе биде прв официјален состанок..Пред десетина дена во Брисел, двајцата министри имаа кратка средба, по која си разменија остри пораки ..Кратко после тоа, Македонија му упати устен демарш на бугарскиот амбасадор во земјава, откако Чамова Петрова ја употреби формулацијата „северномакедонски“ и му порачала на Муцуснки дека Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот и дека тоа е европска обврска.
Од официјална софија остануваат на ставот дека нема да преговара со Македонија...Бугарското МНР велат дека Европската интеграција на земјава зависи од спроведувањето на протоколот од 2022 година и дека нема да дозволат никакви отстапки.
Пред пратениците во законодавниот дом, новата бугарска министерка откри и дека дипломатските мисии во земјите-членки на ЕУ се фокусирани да спречат, како што го нарече, повлекување, заобиколување или доведување во прашање на преземените обврски.

