Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места
Foto

Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места

Граѓаните во Швајцарците на денешниот рефендум ќе се изјаснат дали треба да се забрани покривање на лицата на жените  на јавни места.

Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон.

Тоа го покажуваат и анкетите спроведени пред референдумот, па се очекува Швајцарија, која пред малку повеќе од 10 години изгласа забрана за изградба на минариња во својата земја, сега да ѝ се придружи на соседна Франција, која во 2011 година целосно забрани носење на бурка.

Во Швајцарија никој не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, според податоци на Универзитетот во Луцерн. Муслимани се 5,2 проценти од 8,6 милиони жители на Швајцарија, а поголемиот број од нив се од Турција, од Босна и Херцеговина и од Косово.

0 Коментари

Остави коментари