Во штипско зголемен интересот за поставување фотоволтаици
Поставувањето фотоволтаици повеќе не е избор туку начин за опстанок, интерес има, но исто така има и реакции да не се злоупотребува плодното земјиште за фотоволтаици во време на криза за храна.
Откако заинтересираните субјекти во зависност од моќноста според предвиденото со Законот за енергетика можат да поставуваат фотоволтаици по скратена постапка забележан е значително зголемен интерес за поставување фотоволтаици во источниот регион.

