Во Штип за шест месеци нови 1500 невработени
Foto

Во Штип за шест месеци нови 1500 невработени

Расте невработеноста во Штип. Според податоците од Агенцијата за вработување од крајот на февруари кога почна пандемијата со корона вирус до крајот на август на списокот невработени се запишале речиси 1500 граѓани.

Но, оваа бројка не е конечна бидејќи тренд на намалување на бројот на вработени, особено во текстилството има и во септември. Не внесуваат многу оптимизам ниту Анализите на Кластерот за текстил според кои поради Ковид 19 кризата уште потешка може да биде првата половина од наредната година.  

Ковид кризата за шест месеци ја зголеми невработеноста за речиси 1500 лица во Штип Според податоците на Агенцијата за вработување за толку пораснала невработеноста во центарот на источниот регион. Ако на крајот на февруари, пред стартот на пандемијата работа барале 2600 штипјани, на крајот од август таа бројка се искачила на 4063. Нема точни податоци по кој основ се зголемила невработеноста и за кои профили биле напишани најмногу откази, но според структурата на невработените една третина е нискоквалифуквана работна сила. 

„Структурата на невработените покажува дека 1964 се жени. Од вкупниот број на списокот на Агенцијата за вработување во Штип,  1941 се со основно или без образование, додека 1226 се со завршено средно образование.“ - стои на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Во оваа статистика не влегуваат отпуштањата од овој месец, бидејќи неколку конфекции во Штип престанаа со работа, а дел од поголемите го намалија бројот на вработени. Неофицијално, само од текстилството, бројката на оние што се запишале во евиденцијата на невработени, во септември е околу 200. 

Очекувањата се дека бранот отпуштања може да продолжи и во октомври, но дали и во колкав обем ќе зависи од нарачките и новиот Пакет антикризни мерки на Владата. Сепак не внесуваат многу оптимизам.

Анализите на Кластерот за текстил според кои поради Ковид кризата уште потешка може да биде првата половина од наредната година. Тоа не е добра вест за Штип со оглед на тоа дека во текстилството работат околу 7000 луѓе. Лошите прогнози ќе удрат и по другите градови на истокот каде исто така има раст на невработеноста.

По Штип, втор на листата е Кочани каде на списокот на невработени во последниве шест месеци се запишале 1000 лица. Вкупно во источниот регион бројот на невработени пораснал за близу 4000.

0 Коментари

Остави коментари