Во Штип почна фитнес програма за возрасни лица со попреченост

Ова е Игор, тој заедно со дестина другари од Дневниот центар за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, секој четврток е во сала. Вежбаат за подобро здравје. Игор кој е екстерт за комујутери вели дека тука убаво се забавуваат.

Идејата за фитенс за возрасните лица со попреченост од овој дневен центар е на Бојана Манева. Оваа млада девојка, која е професионален каратист и репрезентативец на Македонија, вели дека спортот е важен за сите, а вакви тренинзи треба да се одржуваат во сите општини.

Дека е потребна поголема вклученост се сложуваат и од Центарот за интелектуална попреченост„Порака“. Таму во моментот имаат 17 штитеници над 18 години.

Освен овој центар на „Порака“ во Штип има и Дневен центар во рамки на Центарот за социјална работа, наменет за лица со попреченост до 26 години.

Неколку години во општината функционира и Дневен центар за аутизам, а Штип добива и регионална канцеларија за меѓународна класификација на функционалноста на лицата со попреченост, што треба да овозможи нивна подобра инклузија во образовниот процес.