Во Шипковица - поддршка за обвинетите раководители на ОВК
Два дена пред објавувањето на конечната пресуда на Специјализираниот совет во Хаг за обвинетите поранешни раководители на ОВК - Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, вечерва во 19 часот во Шипковица ќе биде запален „Факел на слободата“, како повик на единство во поддршка на обвинетите. Медиуми на албански јазик го објавија повикот упатен од Организацискиот совет на ветераните на ОВК, во кој се апелира сите Албанци да се приклучат на оваа активност.
Пресудата за поранешните водачи на ОВК, ќе биде изречена на 16-ти септември пред Специјализираниот совет во Хаг. Но, во овој чин Албанците не гледаат само судска одлука, туку во зависност од исходот - и одредување на историските трендови.
Во Приштина пред два дена се одржа „Марш на слободата“ за поддршка на на обвинетите поранешни раководители на ОВК, на кој присуствуваше и претседателот на ДУИ, по што се огласи на Фејсбук.

