Во САД се регистрирани речиси 30.000 нови случаи со Ковид 19
Foto

Во САД се регистрирани речиси 30.000 нови случаи со Ковид 19

Во САД повеќе од еден милион луѓе во моментот се заразени со новиот коронавирус, а 63.006 починале.

Институтот Џонс Хопкинс соопшти дека во изминатите 24 часа имало 29.515 нови случаи заразени со Ковид-19 и 2.040 смртни случаи.

Бидејќи сојузните држави ќе почнат да ги вклучуваат во статистиката и оние кои „најверојатно починале од коронавирусот“, тоа го најави и Институтот Џонс Хопкинс, пренесе Си-Ен-Ен.

Затоа, бројот на заразени и починати во наредните денови може да биде многу поголем.

0 Коментари

Остави коментари