Во САД над 2 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19
Foto

Во САД над 2 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

Во САД регистрирани се повеќе од два милиона лица заразени со новиот коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека и покрај подобрувањето на ситуацијата во државите коои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, се појавија и нови жаришта.

Во Аризона за еден ден регистрирани се 1.556 новозаразени лица. Најголем пораст на заболени од Ковид-19 регистрирани се во Мисисипи, Јужна Каролина, Арканзас, Флорида и други сојузни држави.

0 Коментари

Остави коментари