Во сабота во Кочани комеморација “Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“
Во домот на културата „Бели мугри“ – Кочани, во сабота ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од страна на Општина Кочани.
Истиот ден ќе се одржи 14-от Марш на ангелите. Родителите и блиските повторно ќе побараат правда за настраданите. Маршот ќе започне во 18 часот и пет минути, – време што симболично ја претставува доцната институционална реакција.

