Во Русија најмногу новозаразени по почетокот на пандемијата
Foto

Во Русија најмногу новозаразени по почетокот на пандемијата

Русија во последните 24 часа регистрираше 34.303 новозаразени со коронавирус, што е нов најголем број четврти ден по ред, покажуваат официјални владини податоци.

Во последните 24 часа, од Ковид-19 починале 997 лица. Претходниот ден, земјата ја помина симболичната граница од 1.000 смртни случаи од ковид во еден ден со 1.002 смртни случаи.

Русија е најтешко погодената земја од коронавирусот во Европа.

Ова големо ширење на инфекцијата се случува во време кога, според официјалните податоци, само 32 проценти од Русите се целосно вакцинирани против коронавирусот, бидејќи населението нема доверба во вакцинацијата.

Исто така, владините здравствени рестрикции се многу ограничени, иако некои региони повторно воведоа задолжително поднесување QR кодови за вакцинација за да влезат на јавни места.

Кремљ, кој сака да ја спаси економијата, одбива да воведе заклучувања на национално ниво, и во исто време наведува дека таквиот низок одговор на населението за вакцинација е недозволив, пренесува Бета.

0 Коментари

Остави коментари