Во регионот и во Македонија падна првиот снег

Пристигна првиот снег во македонија пред календарски да започне зимата под влијание на многу постудена воздушна маса од север и од североисток.

Од утринава во повеќе градови низ Македонија, особено во источните и во североисточните предели од државава падна првиот снег за оваа сезона, што предизвика проблеми во движењето и привремена забрана за за товарни возила на патниот правец Кратово - Пробиштип која беше воведена од 07:00 часот поради наносите на снег.

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека пак запраната на посочениот патен правец е укината по 11:00 часото по подобрување на состојбата. Од УХМР информираат дека за разлика од претходните денови температурата опаднала за пет до седум степени. 

Снежна покривка од неколку сантиметри успеа да се формира на планините градовите со повисока надморска висина во источните и во североисточните предели од Македонија. Според прогнозите студената воздушна маса ќе се задржи до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег како и на некои пониски места.

Освен во Македонија заладување има и во другите држави на Балканот, покрај Стара Планина во Србија, снег во текот на ноќта падна на Копаоник. Наскоро се очекува врнежи од снег да има и во Хрватска.