Во пресрет на Мајските оперски вечери синдикатот на протест пред НОБ

Во мигови кога сцената треба да блесне во духот на Мајските оперски вечери, оние што ја создаваат културата велат дека се оставени на маргините. Синдикатот за култура, во пресрет на отворањето на фестивалот, преку протест ќе го крене својот глас пред Националната опера и балет, барајќи достоинствени услови, почит и вреднување на трудот со кој со години ја градат македонската културна сцена.