Во пресрет на 1ви мај: Кој и за што ќе протестира?
Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати за сите вработени за 100 евра плата, утре ССМ во 11 часот излегуваат на протест. Додека функционерите добија зголемување на своите плати од 79%, дел од вработените во јавниот сектор не добија усогласување на платите.
На Меѓународниот ден на трудот, ССМ ги повика сите работници кои сакаат подобри услови и подобра егзистенција, да им се приклучат на протестот.
ОД КСС велат дека нема потреба од протести и дека се задоволни од социјалниот дијалог. Тврдат дека проблемите се решаваат на маса а не преку протести.
Од Работничкиот дом ќе се упатат до Собранието - Стопанската Комора и ќе завршта пред Владата, да го искажатат своето незадоволство против креаторите на политиките, кои, како што велат, се грижат само за себе и своите интереси, без да водат грижа за работниците, работничките парава.