Во Преспа се бројат штетите од поплавите, најзасегнати жителите на Царев двор и Дрмени
Се уште се санираат штетите од поплавите во Преспа.Граѓаните пријавуваат уништена покуќнина, механизација и залихи на јаболка низ поплавените магацини,а комисија на општината ќе врши проценка па извештаите за обешететување ќе ги препраќа до владините институции.
Сепак ситуацијата е стабилна и под контрола вели градоначалникот на Ресен.
Една од причините за поплавата низ ресенските села беа неисчистените канали но и канали кои биле затворени за да се обработува што поголена земјоделска површина.
Најголема штета е регистрирана во селата Царев Двор и Дрмени каде беа поплавени куќи,дворови ,магацини за јаболки и земјоделски посеви.

