ВО ПРЕДВОРЈЕ НА ОКТОМВРИСКАТА ОДЛУКА НА ЕУ – ЗАСИЛЕНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА
Foto

ВО ПРЕДВОРЈЕ НА ОКТОМВРИСКАТА ОДЛУКА НА ЕУ – ЗАСИЛЕНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА

 

Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите, ова е пораката што му беше упатена шефот на дипломатијата Никола Димитров на средбата со Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи. На состанокот во Париз, Де Моншалин ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите.

- „Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот.“ - Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа.

По средбите во Париз, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, европската турнеја ја продолжува во Брисел, каде уште еднаш потсети на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на добрососедските односи. Апелираше земјите членки да ја донесат одлуката за почеток на пристапните преговори во октомври, врз основа на конкретните резултати и постигнувања. 

- „Ваквата заслужена одлука ќе го зајакне влијанието и кредибилитетот на Европската Унија во земјата, но и пошироко во Регионот и ќе служи како поттик за понатамошна демократска трансформација на нашето општество.“ - Димитров.

Димитров утре ќе отпатува во Берлин, а во фокусот и на овие средби, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат можностите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ за добивање датум за почеток на преговори во октомври. 

0 Коментари

Остави коментари