Во празничната кошничка за сметка на тоа што ќе има туршија, новогодишните пакетчиња за децата нема да поевтинат

Трговците започнаа со подготовка на производите за новогодишната кошничка.  Според информациите до кој дојде Телевизија 24. Најголемиот дел од прехрамбените производи ќе бидат оние кои што беа и во есенската кошничка.

Освен задолжителните основни прехрамбени производи како што се брашното, оризот ,маслото за јадње, млекото,  во кошничката ќе влезат и дел од месните производи и преработката од месо како и дел од млечните производи. 

Новина според тоа што не информираа трговците, во оваа кошничка би можело да биде дел од туршијата која што се продава во маркетите како и дел од конзервираните производи. Од кондиторските производи ќе има мал дел со намалени цени, но не и новогодишните пакетчиња на кои најмногу се радуваат децата 

Планот на властите е дека новогодишната кошничка на сила ќе биде од 15 до 30 дена. И додека трае оваа мерка ќе има засилени инспекциски контроли се со цел да не се повтори истата грешка како со есенската кошничка.

Од Министерството за економија засега не откриваат што точно ќе има во кошничката бидејќи во моментов се формирала листата на производи. Од ресорното министерство за Тв24 велат дека навремено ќе ја известат јавноста. 

„Новогодишната кошничка е во финална фаза, секторот задолжен за формирање на производите за следната кошничка  во следните денови треба да ја затвори листата.“ - Министерство за економија.

Ефектот од есенската кошничка според пресметката на синдикатите е дека кошничката е намалена за 57 денари, причина за тоа според нив е алчноста на трговците кои ги зголемиле цените пред да стапи мерката на сила. 

Сведоштвата на граѓаните кои ги анкетиравме неколку дена по истекот на кошничката беше дека цените се зголемени. 

Од први јануари законот за нефер трговски практики ќе има и казлива политика. Односно доколку инспекцијата утврди неправилности во работењето на трговците жестоко ќе ги казни.