Во понеделник почнува собраниската процедура за буџетот 2024

Во понеделник започнува собраниската процедура за буџетот 2024-та. Прва расправа во матичната комисија за финансисрање и буџет. Според предлог буџетот, догодина ќе се потрошат 5,5 милијарди евра што е за 5,8% повеќе во однос на годинава.

Дефицитот е предвидено да биде 545 милиони евра или 3,4 отсто од бдп. Во предложениот буџет од владата изјавија дека има пари за зголемување на платите во јавниот сектор, за редовното усогласување на пензиите и за повеќе финансиски средства за општините. Според најавите од собранието пленарната расправа се очекува да започне не подоцна од 22 декември.