Во понеделник Кривичниот суд ќе одлучува за барањето на Србија за екстрадиција на Морина
Барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кое е веќе е пристигнато во министерството за правда и се преведува - се очекува во понеделник материјалот да биде доставен до Кривичниот суд.
Конечната одлука за морина ќе ја донесе министерството за правда. Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце по потерница распишана од Интерпол. Во Србија се товари за злосторства спрема цивили.
Функционери од албанските партии во земјава, како вицепремиерот Бујар Османи отворено се заложија за него и побараа од судските инстанци да го ослободат.