Во Полска пристингнаа десетина американски авиони ловци Ф-15 и Ф-16
Foto

Во Полска пристингнаа десетина американски авиони ловци Ф-15 и Ф-16

Европската команда на Вооружените сили на САД во рамките на воените вежби во Полска префрли десетина авиони ловци, изјави полскиот министер за одбрана Матиуш Блашчак.

– Во Полска денеска пристигнаа десетина американски авиони Ф-15 и Ф-16. Европската команда на Вооружените сили на САД изврши брзо прераспоредување на воздухопловните сили во Европа, посебно користејќи ги полските аеродроми, напиша Блашчак на Твитер.

Тој додаде дека заедничките воени вежби овозможуваат „зајакнување на безбедноста на регионот“ на Централна и Источна Еврпа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека прераспоредувањето на НАТО и на американските сили во близина на руската граница води кон уште една „рунда“ тензии.

0 Коментари

Остави коментари