Во полициската станица Карпош вечерва приведени на распит двајца од инцидентот во хотелот Александар Палас
Foto

Во полициската станица Карпош вечерва приведени на распит двајца од инцидентот во хотелот Александар Палас

Во полициската станица Карпош вечерва приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас, потврдија од МВР за тв 24.

Други двајца од оштетените утрово биле на распит. Неофицијално дознаваме дека приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Се уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани. Од МВР го потврија случајот.

„Изминатово деноноќие полицијата превзеде оперативно тактички активности со цел расветлување на настанот во Александар палас. Приведени  се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени.“ - велат од МВР за тв 24.

Во саботата, околу полноќ три лица пукале во лица кои седеле во хотелот Александар палас, при што интервенирал полициски службеник.

0 Коментари

Остави коментари