Во петок продолжуваат блокадите на приватните превозници
Протестот на приватните превозници на стенд бај до утре. Веќе во петок најавија масовен протест на скопските улици.
Превозниците деновиве кројат план за договор. Во меѓувреме Финансиската полиција во ЈСП ја чешла документацијата за досегашното работење на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. А, трпат најмногу граѓаните. Револтирани се, велат, чекаат на автобуските постојки со часови. Некои залудно се надеваат на мобилните апликации за возниот ред.
Претставници од приватните превозници, велат дека денеска се одржал координативен состанок за понатамошно дејствување, а за утре најавија прес конференција на која ќе ги соопштат деталите од состанокот.
Хаосот во јавниот превоз настана на почетокот на месцов кога град Скопје им ги раскина договорите на „Макекспрес“. Потоа и превозниците од „Слобода превоз“ преку протести си го бараат заостанатиот милионски долг.
Градоначалничката Данела Арсосвка пак отана на ставот дека ќе има јавен повик на кој ќе можат да се јават приватните превозници. Незадоволните може да си ја бараат правдата на суд.