Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот културен центар во Благоевград непознати лица ја избришале буквата М, и така се добил сосема друг натпис.

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Манев објаснува дека овој напад доаѓа по говорот на омраза на бугарскито европратеник Ангел Џамбаски кој на Фејсбук напиша дека тој нема да дозволи на територијата на Бугарија да се формираат сепаратистички организации.

Мазнев вели дека покрај сите притисоци неговиот клуб ќе биде отворен на 30 Октомври и дека ќе бидат поканети премиерите на Бугарија и Македонија, македонските пратеници и други организации на македонците од странство.

Во земјава пак во петок ќе се отвори новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ и за ова се закажани протести. Министерството за правда и централниот регистер повторно си ја префрлаат топката, како во земјава се дозволува да се отвараат клубови на фашистички соработници од втората светска војна. Владата соопшти дека денеска  се конституираше советодавното тело кое треба да го бајпасира периодот до носењето на новиот закон за регистрација на здруженија и фондации.